И сега чумата ко идела, идела од Џван кон ваму, кон Мренога. И еден чоек од пазар с’идеу. Чифт коњи терау. А женава едно кошниче в раце…

– Каде стринче?

– Ами, ќодам – рече – кон Мренога, кон Вироо угоре.

– Ами качи се на колава- рекоу мреножанецов.

Се качила та. И ова сега терат коњиве, одит по патот. Ко дојдоо до мостон, оти за Мренога мост имат, кај мостон е велит:

– За Вироо ако ојш овде ќојш.

– Ами – рече – ти од кај си дете?

– Од Мренога – рече – сум бабо. А ти стринче, од кај си, кај ојш вака? – тој е прашау.

– Ами, слушај ваму. Јас сум чумата, што тепам народ – та му велит. – Јас сум чумата.

И тој с’уплашиу, пуштиу дизгините од коњите.

– Е, – рече – не плаши се синко. Ја со писмо одам, со тефтер. Кому му е судено да г’отепам, ќе г’отепам, кому не му е… Ќ’одам кај Недановци. – Тие голема фамилија бја, три-четириесет души. Ќе му повикнам в една ноќ седум души, осум души, на ден, тројца, четворица, пет…

– Не сум? – е прашуват овој.

– Ти не си – рече – во тефтерот. Држи си дизгините од коњите и ој си дома. Еве не си ти за тепање. Ја ќодам кај Недановци сега и сетне редот е кај Радевци, кај не знам кој, сетне ќе продоужам кон Вироо ако фтасам. И не фтасала.

И та ко ќе седнеле некаде кај што ќе појдит и чинела чешлај се. Стори се жена и чешлај се. Си седит и си се чешлат. И сетне ќе скитнит. (Подготви Марко Китевски)