Овој авион со печалбари слета во претпладневните часови. Пристигнаа кичевчани кои живеат и работат во Швајцарија.

Организирани со авион и автобуси дојдоа во Кичево за да гласаат во вториот круг од локалните избори.

Некои слетаа на аеродромот во Охрид, а некои пак, во Скопје.

Еден од печалбарите ни рече дека вчера и денеска пристигнале над 2.000 државјани од дијаспората. Како што дојдоа организирано, така и ќе се вратат заедно, некои утре, а некои во понеделник.

За ТВ 21 велат дека дошле за да гласаат за нивно Кичево.

„Како секојпат за наше Кичево. Ние сме печалбари подготвени да гласаме“, вели печалбар.

„За Кичево, за да победи Кичево“, додава печалбар.

„Да, 100%“, додава печалбар.

„Дијаспората доаѓа да гласа за татковината, за Кичево“, вели печалбар.

„И ние дојдовме да гласаме, се надевам дека секојпат ќе одиме сѐ понапред“, порачува печалбар.

Инаку, денеска во рамките на вториот круг од локалните избори и во Кичево гласаа старите, немоќните и лицата заразени со Ковид-19. Пријавени за гласање се 464 стари и немоќни лица, како и 15 заразени.

Репиблика.мк пак пренесува информација дека двестотини специјалци облечени во маскирни униформи и многумина полицајци кои не говорат на кумановски дијалект шетаат денес низ Куманово.

Информацијата ја објавува МИП повикувајќи се на граѓанин на Куманово кој од населбата Соколана до центарот на градот дури три пат сопрен од специјалци.