Над 1000 вработувања во институциите на државата е последната “мерка” на власта чија цел е предизборен поткуп и намалување на поразот на изборите. Лицемерието на СДС и ДУИ за последните вработувања се гледа во лажните изјави дека не станувало збор за нови вработувања, туку за наводно трансферирање на работен однос, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
– Дека се фатени во лага говори и податокот дека во оваа група на нови вработувања, предвидени се 100 унапредувања преку интерни огласи во институциите. Од анализата која ја направивме може да се види дека овие унапредувања преку интерни огласи се во државните институции, односно Министерствата и општините каде градоначалници се од редовите на СДС и ДУИ. Ова е доволен показател за тоа која е целта на масовните вработувања. Речиси и да нема министерство каде нема распишан оглас за нови работни места или за унапредување. Имено, станува збор за унапредувања во Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за образование и наука, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за финансии ќе унапреди дури 39 лица, Министерството за политички систем унапредува 16 лица, одбрана ќе унапреди 11 лица, Управа за заштита на културното наследство ќе унапреди 7 лица, 1 лице во општина Крушево, а дури 23 унапредувања предвидел Рамиз Мерко во општина Струга. Власта треба да одговри за кои лица е предвидено ова унапредување, за оние кои сакаат да ги згрижат пред да заминат од власт, или пак за оние лица на кои треба да им се оддолжат за досега сработената партиска активност? Ваквиот чекор е уште еден доказ зошто Македонија има нефункионален систем, зошто за Македонија речиси во секој извештај на ЕУ е споменувана партизираноста на јавната администрација и вработувањата пред избори, зошто имаме распаднати државни институции. Граѓаните немаат доверба во институциите токму поради ваквиот пристап кој 7 години го имаат СДС и ДУИ на чело со Ковачевски и Ахмети, истакна Митева.
Јавниот сектор се полни, но граѓаните немаат квалитетен сервис. Затоа, на системот на Македонија и е потребен рестарт, темелни реформи затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, додаде Митева.