Прва голема анкета во Хрватска е објавена откако на претседателските избори се познати сите 11 кандидати, а резултатите од анкетата покажуваат дека финалето ќе биде непредвидливо бидејќи е целосно неизвесно помеѓу Колинда, Милановиќ и Шкоро, јавија локални медиуми.
Ако се одржат изборите денеска, Колинда Грабар-Китаровиќ би добила 27,4 проценти од гласовите, Зоран Милановиќ 24 проценти и Мирослав Шкоро 23 проценти, објави хрватскиот портал Индекс.
Првите тројца кандидати се во рамките на статистичката грешка, што значи дека следните две недели може да доведат до значителни промени.
Според анкетата, Мислав Колакушиќ би освоил 8,2 отсто, а потоа следува Иван Пернар со 2,9 отсто, додека Дејан Ковач би добил 2,6 отсто. Потоа следува Далија Орешковиќ со 1,3 проценти и Дарио Јуричан со 1,2 процент. Другите тројца претседателски кандидати добиваат под еден процент поддршка.
Се уште има осум проценти неопределени гласачи кои нагласуваат дека би гласале сигурно, според медиумите во Хрватска.
Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат в недела, на 22 декември.