Комисијата предложила сет мерки за спречување на ширењерото на корона коронавирусот, меѓу кои и воведување полициски час од 21 до 6 часот:

Од 6 до 21 часот забрана за собирање во групи; Смее да се оди само до болница, луѓето што имаат потреба од дијализа, потреба од итна помош ќе може да се движат со придружба од најмногу од две лица; Ако ги застане полиција по прегледот ќе мора да покажат медицинска документација дека биле на лекар; И директорите на ЈЗО да имаат лимитирано движење само со документ.

Натаму следуваат и следниве предлози:

Да се ограничи број на дежурни аптеки; Такси компаниите да имаат ограничн број возила за дежурства; Се забранува движење на јавни возила од 21 до 6 часот; Меѓуградскиот превоз и ЈСП да го преполоват капацитетoт на патници и да се запази растојание 2 метри од еден до друг патник.