Преведен е и доставен до пратеничките групи предлог-законот кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ со кој треба да се продолжи траењето на старите пасоши до крајот на годината.
Во среда ќе се најде пред пратениците на пленарна седница, потврдил за Канал 5 претседателот на Собранието – Јован Митревски…
Министерот за внатрешни работи – Тошковски во вчерашното „Само интервју“ посочи дека ЕУ членките сами ќе одлучуваат дали ќе дозволат премин со старите пасоши, а добил и уверување дека ќе покажат разбирање бидејќи проблемот е технички.. Вели не се прекршува Преспанскиот договор, а ако се продолжи и нивниот рок како во случајот со возачките дозволи, проблемот за патување ќе остане само со Грција.
-Земјите членки изразуваат разбирање за прашањето и волја за надминување на проблемот преку изнаоѓање на практично решение во најкус можен рок, што е спорно тука? Знаете вие некој да е сопрен со пасош – Османи, човекот за операции нека зборува за рентген на абдомен за тие работи може да разговара тој, тој не може да разговара за ова и за тоа сме на ова дереџе на кое што сме. На одржаниот состанок на комитетот за патни документи било покажано разбирање меѓу земјите членки во однос на техничката природа на прашањето. Со оглед дека само Грција дека не ги прифаќа пасошите со старо име на државата, тоа значи дека во моментов, граѓаните на Македонија може да влегуваат и излегуваат во други земји. –-Панче Тошковски – Технички министер за внатрешни работи.
Според екс-премиерот Ковачевски, пак, законот за патните исправи е врзан со Преспанскиот договор и може да се менува само во согласност со земјите членки на ЕУ и Грција.