Јавен обвинител од ОЈО Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, достави предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за шест лица осомничени за кривичното дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од 4 јануари во М-НАВ, и определување мерки за претпазливсот.

– Постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител, а ценејќи ги приложените факти, судиите на претходна постапка го прифатија предлогот на јавниот обвинител и донесоа решенија со кои за А. О., Р. Б. и Љ. Ќ. ја укинаа мерката куќен притвор, а за С. Ш., О. А. и Е. С. ја укинаа мерката притвор и им определија мерки за претпазливост од чл. 146 ст. 1 т. 1, 2. 3 и 6, односно забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, одземање патна исправа и забрана за издавање нова, обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за приближување или воспоставување врска со одредени лица, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.