Како предвесник на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ од денеска до 11 јули во црквата „Света Софија“ ќе се одржи „Подиум на млади“, чиј идеен творец и организатор е Музичката младина на Македонија.

Свој настап денеска ќе има кларинетистот Рикардо Хуна во пијано придружба на Билјана Петровска и Инес Неделковска.

„Подиумот на млади“ се враќа на фестивалската сцена по 22-годишна пауза, а наредните денови публиката ќе има можност да ги проследи настапите на неколкумина млади домашни музичари. Утре ќе настапат флејтистката Јана Каевска во пијано соработка со Ивана Јанаќиева, како и младиот пијанист Арда Мустафаоглу. Проектот ќе биде заокружен на 11 јули со концерт на виолинистката Наоми Георгиевска, придружувана на пијано од Доминика Робе, како и со настап на сопранистката Мила Јаневска во пијано соработка со Билјана Петровска.

Традиционално фестивалот „Охридско лето“ почнува на 12 јули, а годинашното издание ќе го отвори британската виолинистка Ванеса