По терористичкиот напад во Брисел, во кој загинаа шведски навивачи, фудбалерите на таа земја одбија да се вратат на теренот на мечот против Белгија.

Како што пренесуваат белгиските медиуми, фудбалерите на шведската фудбалска репрезентација на полувремето од натпреварот Белгија-Шведска на стадионот „Крал Бодуен“ соопштиле дека повеќе не сакаат да го играат второто полувреме.

Натпреварот поради тоа беше прекинат. Полицијата не ги пушта гледачите да си заминат од стадионот, а причина за тоа е одлуката на полицијата, присутните да останат на стадионот поради нивната безбедност. Напаѓачот кој вечерва уби две лица во центарот на Брисел се уште е на слобода и движењето низ белгиската престолнина не е безбедно, а убиството се случи на околу пет километри од стадионот.

Тоа особено се однесува за шведските навивачи на кои им е советувано да останат заедно и вечерва со полициска придружба да си заминат од Брисел.