Времето во Македонија ќе биде стабилно и суво. Попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места и ќе се интензивираат.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13,  дневната од 18 до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде стабилно и суво, кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во сабота ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има и ретка појава на грмежи. Во недела ќе биде претежно стабилно и суво, а од понеделник во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.