Заврши долгото чекање на Ливерпул! Иако без игра, „црвените“ се шампиони на Англија за прв пат од 1990 година, откако Челси на домашен терен го совлада Манчестер Сити со 2:1 и ги детронираше.
Така, разликата помеѓу тимот од Мерсисајд и „граѓаните“ остана 23 поени, со тоа што остануваат само 7 натпревари до крајот на сезоната и екипата на Јирген Клоп не можат да бидат стигнати. Ова е 19-ти триумф во историјата на гигантот од „Енфилд“.
Натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ понуди многу емоции и шанси, а домаќините дојдоа до успех со гол од пенал, токму во време кога предноста на Сити беше многу сериозна.
Со 54 поени, тие продолжуваат да го бранат своето место во Топ 4, повторно со 5 предност пред Манчестер Јунајтед и Волверхемптон и само еден зад Лестер.