Играчот на Кристал Палас, Андрос Таунсенд го има постигнато најубавиот гол во Англиското фудбалско првенство сезона 2018/19.
Дваесет и седумгодишниот Таунсенд е награден за погодокот постигнат во 18. коло од Премиер лигата на натпреварот со Манчестер сити. Дуелот заврши со победа на лондонскиот клуб со 3:2.
За признанието конкурираа десет фудбалери, сопственици на месечна награда за тековната сезона.
Таунсенд победи во изборот за декември, а негова конкуренција за гол на сезоната беа: Жан-Мишел Сери (Фулам, август), Даниел Стариџ (Ливерпул, септември), Арон Ремзи (Арсенал, октомври), Сон Хин Мин (Тотенхем, ноември), Андре Шурле (Фулам, јануари), Фабијан Шер (Њукасл, февруари), Ентони Кнокарт (Брајтон, март), Еден Азар (Челзи, април) Винсент Компани (Манчестер сити, мај).
Во изборот учествуваа навивачи и стручни лица.