Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Џорџињо Вајналдум може да се врати во Ливерпул.
Според „Мирор“, фудбалерот е незадоволен од минутажата којашто ја добива во парискиот клуб, па не му пречи да го промени тимот.
Вајналдум постигна три гола и една асистенција на 22 натпревари оваа сезона.
Договорот на фудбалерот со ПСЖ е со важност до 2024 година. Неговата пазарна вредност е 25 милиони евра.