Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк ќе биде надвор од фудбалските терени поради повредата здобиена во саботата против Евертон.
Дваесет и деветгодишниот Холанѓанец не пропушти ниту една минута од натпреварите во англиската Премиер лигата од јануари 2018 година.
За потсетување, на 1 јануари 2018 година Ван Дајк се пресели од Саутемптон во Ливерпул за 84,65 милиони евра.
Фудбалерот има скинат вкрстен лигамент на коленото по дуел со голамнот на Евертон, Џордан Пикфорд и ќе мора да оди на операција.