Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го пофали неговото ниво оваа сезона. Триесет и деветгодишниот напаѓач одигра три натпревари на кои постигна пет гола.

На дербито со Интер во саботата, шведскиот фудбалер ги постигна двата гола за Милан (2:1), играјќи го првиот натпревар откако страдаше од коронавирус.

– Го познавам моето ниво. По повредата, отидов во САД да се чувствувам жив. Му реков на Жозе Мурињо дека не сум подготвен и не сакам да бидам разочаран, и затоа отидов во Америка.

Мино Раиола ми рече да се вратам во Европа, тој рече дека му требам на Милан, па дојдов. Сега се чувствувам како подобар играч отколку пред 10 години. Ако имав фитнес ниво како пред десет години, никој немаше да може да ме спречи. Иако не можат ни сега, изјави Ибрахимовиќ за италијанските медиуми.

Милан по долг период е лидер на табелата во Серија А со максимални четири победи од почетокот на сезоната.