Премиерот на Република Македонија утре ќе ја посети општина Делчево, информираат од прес службата на владата.
-Ве известуваме дека утре, 21.11.2026 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на ЈЗУ Здравен дом „Гоце Делчев“ – Делчево, а потоа ќе изврши и увид во започнувањето на градежните работи за реконструкција на градската спортска сала во населбата Спортско-рекреативен центар во Делчево, информираат од владата.




