Премиерот на Пакистан, Имран Кан (68) беше тестиран позитивно на Ковид-19 два дена по вакцинацијата, соопшти денеска Министерството за здравство на Пакистан.
Министерот Фајсал Султан потврди дека премиерот е позитивен и дека е во изолација, но не даде повеќе детали за тоа дали луѓето со кои премиерот се среќаваше на дневна основа исто така одат во изолација.
Премиерот Кан неодамна одржуваше чести состаноци и присуствуваше на безбедносна конференција во Исламабад.
Тој се обрати на голем број учесници на конференцијата без да носи заштитна маска и присуствуваше на инаугурацијата на населба изградена за сиромашните граѓани, исто така без маска за лице.
Пакистанскиот премиер Имран Кан беше вакциниран во четвртокот.