Данските здравствени власти денеска пријави појава на згрутчување на крвта и церебрална хеморагија кај двајца членови на медицински персонал откако беа вакцинирани со АстраЗенека, пренесува Република.

Данскиот регион Хоевстаден, што управува со јавни болници во Копенхаген, соопшти дека починал еден од двајца членови на медицински персонал што ја примиле вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека. Тие се разболеле помалку од 14 дена откако ја примиле вакцината.

Данската медицинска агенција потврди дека добила два „сериозни извештаи“ без да даде повеќе детали.

Некои земји, вклучувајќи ги Германија и Франција, ја поништија одлуката оваа недела да ја суспендираат вакцината АстраЗенека по извештаите за за згрутќување на лрвта по примањето на оваа вакцина.

Данска ја прекина употребата на таа вакцина на 11 март и се уште не ја смени својата одлука.