Нема да се помирам со фактот дека во модуларната болница во Тетово изгореа 14 наши сограѓани, а никој не понесе одговорност, вели пратеникот Љупчо Пренџов.

Додава дека нема да се помири ни со тоа што Обвинителството го затворило предметот.

-14 животи не смеат да бидат заборавени. Правдата им ја должиме на нив и на нивните семејства, потенцира Пренџов.