Исмет Гури и Ејуп Алими, обвинети во предметот „Титаник 3″, се виновни заради уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, судијката Марија Клетничка денеска ги осуди на по три години и шест месеци затвор.
При објавување на пресудата Клетничка рече дека обвинетиот Гури е виновен затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето.
Тие ги преправале точните резултати на гласовите, па така за ДУИ конечните резултати растеле, на ДПА и на ВМРО ДПМНЕ се намалувале. Овие резултати биле пратени во Државната изборна комисија со цел да станат конечни, но не им успеало.
Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал.
Воедно, судијката истакна дека застапникот на обвинението имаше право да одлучи кој ќе биде опфатен со обвинението, односно лицата Мухаџери и Точи во овој предмет биле презентирани како сведоци.