Партијата која 7-8 години беше на власт и ја партизира целата држава, на која и го смени името, а сега како опозиција „води војна“ против наводна партизација во АНБ, и бара оставка од Бојан Трајковски на кого во партиското соопштение му го смени презимето во Трајковски.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ, во кое на крајот му го смени презимето на Христовски:
Назначувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ освен што е опасна партизација отвора и низа сомнежи за тоа дали воопшто ги исполнува законските услови да биде на ваква висока позиција.
Иако Христовски пријавил во биографијата пет календарски години раководен стаж недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година.
Законските услови за оваа позиција во делот на образованието се исполнети дури минатата година, со дипломирање на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и бизнис во Скопје. Но, претходно, тој бил дипломиран тренер по кик-бокс со што не ги задоволувал законските критериуми предвидени за оваа важна функција.
Понатаму, во Биографијата објавена од Факултетот за безбедност, Христовски приложил Уверение за познавање на англиски јазик TOEFL од училиште во Пловдив – Бугарија.
Но, на официјалните страници на TOEFL јасно стои дека немa TОEFL центар за тестирање во Бугарија.
Дури и оние што не работат се наведени на оваа интернет страница. TOEFL центри за тестирање во Бугарија има во 6 градови но не и во Пловдив.
Лаже ли Христовски во биографијата?
Има ли Христовски вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик како што посебните законски услови бараат?
Има ли 5 години стаж на раководни позиции и ги исполнува ли воопшто законските услови?
Планот на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да поставува партиски кадри, да ги партизира и злоупотребува институциите значи целосно уништување на безбедносните структури.
СДСМ бара итно повлекување на Трајковски и отворање нова транспарентна постапка за избор на нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми.
Центар за комуникации на СДСМ