Во штабот на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) во грчкиот град Лариса вчера се одржа проштална церемонија во пресрет на префрлувањето на Командата во Куманово, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Министерството за одбрана на Грција, на настанот присуствуваа заменик-министерот за одбрана на Грција, неговиот колега од Албанија, командантот на SEEBRIG, романскиот генерал Тудорица Петраке, како и претставници на политичките и воените власти што учествуваат во Иницијативата на министрите за одбрана од Југоисточна Европа.
Бригадата на Југоисточна Европа е формирана во 1999 година, а од 2011 година штабот е во Тирнаво (Лариса), а со префрлувањето во Куманово, Македонија ќе биде домаќин до 2026 година.