Вистинска бура од реакции е создадена на интернет деновиве по прашањето за „Винските патишта на Македонија“, објавува грчкиот портал Тесњуз.
Винската рута е создадена од Сојузот на производители на вино од винариите во Македонија, исто така познати под името „Вински патишта на Македонија“, која сега го носи името „Вински патишта на Северна Грција“.
Многу интернет корисници објавле фотографии со натписи на кои стои новото име и тоа го поврзуваат со примена Преспанскиот договор.
Но, реалноста е поинкава. Сојузот на производители на вино, основан во 1993 година, го промени името во „Сојуз на производители на вино од винариите во Северна Грција“ во 2002 година, исто како и винариите од Тракија и од Епир. Во 2010 година винопроизводителите решија да го обноват имиџот на компанијата која сега го има утврденото име „Вина од Северна Грција“.
„Чудно е што ова се случува токму сега. Името на нашиот Сојуз е сменето пред многу години и ќе се смени повторно за да биде Сојуз на винопроизводители и производители на вино од Тракија“, вели Стелиос Бутарис, претседател на „Вина од Северна Грција“.
Тој додава дека промената на името е направена пред повеќе години и оти од тогаш старите натписи „Вински патишта од Македонија“ или се уништени или паднале.
Винопроизводителите потсетуваат дека нивна цел била да се заштити стандардот на заштитените грчки вина. На тој начин, истакнуваат тие, се поддржува грчкото културно наследство.