Навивачката група Комити Скопје се огласи по смртта на нивниот член Никола Саздовски кој откако пред 10-тина дена беше брутално и насилнички претепан од навивачите на Шкупи, а денеска им подлегна на повредите.

Иако МВР соопшти дека сторителите ќе сносат одговорност и ќе бидат казнети за стореното дело, денеска можеше да се видат повиците од многубројни граѓани кои повикуваа на оставка на министерот Спасовски. Додека пак Јавното обвинителство информираше дека е можно да дојде до преквалификација на делото за осомничените по обдукцијата врз починатиот Саздовски.

Вардаровите навивачи со сочувство до фамилијата и најблиските, и со заклетва напишаа дека „ќе ја истераат правдата на било кој начин“.

Соопштија дека погребот ќе се одржи утре, 10.07.2018 на гробиштата во с.Ракотинци со почеток од 13:00 часот.
Повикаа за присуство на собирот со автомобили, кој симболично е закажан пред западната трибина од 11:45 часот со поаѓање во 12:20 часот.

-Да го развиориме уште еднаш омилениот бајрак на Саздо, “Боже чувај ја Македонија”!!!