Пред точно 40 години, на денешен ден, настана вокменот – претходник на дискменот и на смартфон музичката плејлиста.
Концептот е сличен – слушање музика со слушалки низ прошетка, само што слушалките беа малку поголеми и со сунѓер околу нив… И, уредот работи на аудиокасети. Тоа беше хит-трендот на генераците кои пораснаа во 80-тите и 90-тите.
Кога се појави првиот модел ТПС-Л2, првата генерација на вокмен стерео-уредите, се мислеше оти тие никогаш нема да добијат функција за снимање. Но, овој тогаш револуционерен уред, благодарение, меѓу другото и на тој новитет, постигна огромен успех, влијаејќи на новите стилови на живот коишто за бргу станаа популарни ширум светот, а слушањето музика на секој чекор стана секојдневие.
Со овозможувањето – младите да уживаат во висококвалитетен звук на музиката, каде и да се, вокменот стана симбол на компанијата Сони.