ОВЕН

Работа: Имате многу обврски пред себе. Потрудете се да бидете организирани и смирено да постапувате во работата.

Љубов: Ве очекуваат мали несогласувања со саканата личност со која имате различни ставови.

Здравје: Проблеми со забите.

БИК

Работа: Ве очекуваат нови случувања на полето работа, пред вас се промени какви што сте сакале долго време.

Љубов: Вашиот однос со саканата личност може, неочекувано, да дојде до раб на прекин.

Здравје: Проблеми со аритмијата.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ве следи среќа на сите полиња и задоволни сте. Работната страна ви е одлично прикажана во текот на овој ден.

Љубов: Пред вас е можност да ја освоите личноста која ви значи.

Здравје: Одлична ситуација.

РАК

Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, надевајте се на мало подобрување во следниот период.

Љубов: Саканата личност ви покажува колку и значите. Ве очекува поволна фаза за емоции.

Здравје: Избегнувајте го внесот на шеќери.

ЛАВ

Работа: Може да се надевате на позитивен одговор кога е во прашање можност за ваше унапредување. Ќе бидете задоволни.

Љубов: Кога е во прашање љубовта, не ви е лесно да го остварите она што сте го имале во план.

Здравје: Болки во грлото.

ДЕВИЦА

Работа: Ви доаѓа очекуван прилив на пари. Ќе бидете задоволни од околностите на ова поле.

Љубов: Живеете мирен брачен живот и со партнерот имате се што ви е потребно. Сметате дека сте направиле добар избор.

Здравје: Водете сметка околу непцата.

ВАГА

Работа: Потрудете се да ги подобрите односите во работното опкружување ако сакате да го остварите напредокот кој сте го планирале.

Љубов: Можно е саканата личност да ви соопшти некои лоши вести.

Здравје: Главоболка. Внимавајте.

ШКОРПИЈА

Работа: Доколку планирате патување, ве чека одлична фаза. Надевајте се на развој на нови соработки.

Љубов: Ви се допаѓа личнос која покажува дека има интерес кон вас.

Здравје: Добро се чувствувате во својата кожа.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Неповолен ден е пред вас. Можно е да имате проблеми на полето работа во следниот период.

Љубов: Очекувајте интересни случувања на љубовен план. Пред вас е ново познанство.

Здравје: Ќе ви годи масажа и опуштање.

ЈАРЕЦ

Работа: Можно е да потпишете договор кој ќе ви биде значаен за полето финансии и работа.

Љубов: Надевајте се на сериозна врска во следниот период. Личноста која ве интересира ќе покаже дека сака иднина со вас.

Здравје: Проблеми со грбот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ќе имате прилика да остварите компромисно решение врзано за конфликт кој избил на работа.

Љубов: Очекувајте интересна комуникација со личноста која ви значи.

Здравје: Спортувајте, вежбајте…

РИБИ

Работа: Денешниот ден е поволен за работа, ако почнете нови проекти и ќе бидете задоволни.

Љубов: Иако сте имале сомневање во партнерот, ќе се уверите дека вашиот однос може да биде добар.

Здравје: Крвотокот ви е слаба точка.