Велешкиот театар утревечер од 20.30 часот ќе настапи на Македонското културно лето во Пустец, Албанија, со претставата за деца „Црвенкапа“ во адаптација на Сашо Димоски и режија на Деан Дамјановски.

„Црвенкапа“ е современа адаптација на добро познатата сказна за Црвенкапа и лошиот волк. Покрај комичниот и забавен елемент, таа има и едукативен карактер, правејќи јасна споредба помеѓу безбедноста на градот наспроти опсаностите на шумата, нагласувајќи ја презафатеноста на родителите и преокупираноста на децата со мобилните телефони, но и потребата од консумирање здрава храна.

Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите: Славица Манаскова како Црвенкапа, Васил Зафирчев како Волкот, Самоил Стојановски како Ловецот, Кети Борисовска како Мајката и Весна Димитрова Бобевски во ликот на Бабата.