Во обид да се врати контролата на личните податоци, основачот на Википедија, д-р Лери Сенгер повика на дводневен бојкот на социјалните мрежи, што би значело дека луѓето нема да објавуваат ништо, освен најави за штрајк.

– Ќе кренеме голема врева! Групно ќе ги растегнеме мускулите и ќе побараме од тие огромни манипулативни корпорации да ни ја вратат контролата над нашите лични податоци и приватноста, објави Сенгер на својот блог.

Многумина се сомневаат во влијанието и ефективноста на таквиот потег.

Учесниците во штрајкот, исто така, се повикуваат и да ја потпишат т.н. „Декларација за дигитална независност“, подготвена од д-р Сенгер.