Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со УВ индекс 9.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 21 степени, а дневната температура од 29 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната температура до 39 степени.

Следува период на многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30. Зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.