Менаџментот на комплексот Македонско село во скопско Нерези, донел одлука комплексот да престане со работа од утре, четврток, 18 октомври.
Причините не се наведени.
Инаку, проектот Македонско село е туристичка атракција која опфаќа 12 автентични куќи во архитектонски стил карактеристичен за различни региони во земјава, лоцирано во близина на манастирот „Свети Пантелејмон“.
Македонско село е комплекс од хотелскo сместувањe и ресторани, изграден во традиционалниот дух на македонската архитектура од 19тиот и 20тиот век. На површина од 12.000 м2, комплексот е составен од шеснаесет автентични куќи со вкупен сместувачки капацитет од 100 гости.
Лоциран во прекрасната природа на планината Водно која изобилува со густа шума и чист планински воздух, комплексот е препознатлив по својот уникатен шарм и на посетителите им нуди можност да уживаат во традиционалниот амбиент, вкусната храна и бројните активности.