Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека во септември ќе го посети Западен Балкан, нагласувајќи дека инвестирањето во иднината на тој регион е инвестирање во иднината на Европската унија.
– Пред крајот на месецот, ќе одам во регионот за да испратам јасен сигнал за нашата посветеност кон процесот на проширување, рече Фон дер Лајен во својот говор за состојбата на Унијата.
– Тоа им го должиме на сите млади луѓе кои веруваат во иднината на Европа, додаде таа. Во обраќањето пред членовите на Европскиот парламент, Фон дер Лајен рече дека ЕУ затоа ја зајакнува својата поддршка преку нов Економски и инвестициски план.
– Инвестирањето во иднината на Западен Балкан е инвестирање во иднината на ЕУ, рече претседателката на ЕК.