Здравствените работници во Франција кои не се вакцинирани против коронавирусот, од денеска ќе бидат суспендирани од работа. Околу 300.000 медицински лица се уште не се вакцинирани, а во некои болници може да има недостаток на работна сила поради суспензијата.

Во Франција, вакцинацијата на медицинските работници и работниците во итните служби е задолжителна. Денеска им истекува рокот да примат барем една доза за да не бидат суспендирани.

На суспендираните работници ќе им биде ускратена платата и можноста да дојдат на работа, но ниту еден медицински работник, според одлука на Врховниот суд, не смее да биде отпуштен.