Претседателката на норвешкиот Парламент Ева Кристин Хансен поднесе оставка поради скандалот со станот во кој живее, само неколку недели по преземањето на функцијата.

Кристин Хансен (49) беше избрана во октомври со ветување дека ќе ја зголеми довербата во норвешката политика. Но, таа поднесе оставка само неколку недели откако се покажа дека користи стан во Осло, финансиран од даночни обврзници и покрај тоа што има свој дом во близина.