Во последните 24 часа во Франција биле регситрирани речиси 370.000 новозаразени со коронавирус, во време кога владата се обидува во следните неколку дена да ја усвои пропусницата за вакцинација, со цел да ги охрабри Французите што е можно повеќе да одат на прва вакцина и колку што е можно повеќе да ја забави циркулацијата на епидемијата. 

Во последните 24 часа и министерот за здравство Оливие Веран излезе позитивен на тестот за Ковид-19 откако денеска му се појавиле благи симптоми, соопштија од неговото опкружување за француските медиуми.  

-Како што налага протоколот, вакциниран со три дози, тој ќе ја почитува изолацијата и ќе продолжи да работи од приватните простории на неговото министерство, каде што престојува, се наведува од неговото опкружување.

Тој вчераутро присуствувал на Советот на министри, а за инфекцијата бил предупреден во попладневните часови преку апликацијата „All Anti Covid“, веднаш бил подложен на прв тест што се покажал негативен.

-Со оглед на појавата на благи симптоми попладнево, тој повторно се тестираше, и овој пат излезе позитивен. Тој, исто така, го потврди своето само-тестирање со позитивен антиген тест“, наведува неговото опкружување.

Повеќе од 53 милиони Французи ја примиле првата доза од почетокот на кампањата за вакцинација, од пред повеќе од една година, а речиси 30 милиони имаат добиено дополнителна доза.