Азербејџан нема цел да стане членка на Европската унија, изјави денеска претседателот на Азербејџан Илхам Алиев на форумот во Карабах, насловен „Враќање дома по 30 години. Достигнувања и тешкотии“, пренесуваат руските медиуми.
-Во својот надворешнополитички план, Азербејџан нема наведена цел да стане членка на Европската унија, рече Алиев, додавајќи дека ова е многу практична позиција бидејќи, како што тврди, Баку „таму никогаш нема да биде прифатен“ .
„Доколку Азербејџан таму не е прифатен, тогаш – зошто да тропаме на таа врата и да му пречиме на сопственикот?“, кажа претседателот Алиев, објаснувајќи дека Баку и Брисел нашле начин да воспостават соработка и да ги подобрат односите.