Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изнесе неочекуван детаљ од неговиот приватен живот, па рече дека некогаш бил хомосексуалец. Како што рече, тој бил хомосексуалец пред да ја запознае својата поранешна сопруга, а потоа „повторно станал маж”.

Дутерте, дел од медиумите, го нарекуваат самопрогласен експерт кога станува збор за тоа кој е геј или не е.

Откако мнозинството свештеници од Католичката црква ги обвини дека  се хомосексуалци, реши да ја открие вистината за својот политички противник, а потоа и за себе.

Според локалните медиуми, Дутерте му се потсмева на својот политички противник, сенаторот Антонио Триланес Четврти, велејќи дека неговите постапки покажале дека е хомосексуалец.

„Добро е што Триланес и јас сме слични. Но, јас се излечив. Кога почнав врска со Цимерман, реков, тоа е тоа. Повторно станав маж”, вели Дутерте.

Иако никогаш не бил толку експлицитен, ова не е првпат Дутерте да ја најавува неговата склоност.

Во текот на 2017 година, се пошегува дека размислувал за бисексуалност само за „да се забавува на двата начина”.

Се чини дека  тоа не е единственото нешто што Дутерте ќе го стори „на двата начина”, оти често се премислуваше по прашањето за легализацијата на хомосексуалните бракови во конзервативна земја.