Италијанскиот претседател Серџо Матарела (81) е позитивен на тестот за Kовид-19 и има неколку симптоми заедно со блага треска, соопшти денеска неговиот кабинет.
Тој ги откажа состаноците планирани за наредните денови, но ќе продолжи да ги извршува обврските во изолација во неговата резиденција во палатата Квиринал во Рим, се вели во соопштението.
Матарела се појави во средата на отворањето на новата сезона во операта Скала во Милано, заедно со италијанскиот премиер Џорџо Мелони и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Претседателот во Италија има претежно церемонијални должности, но е одговорен за решавање на политичките кризи кога ќе се појават