Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека кризата во Украина може да излезе од контрола, но изрази уверување дека ќе се избегне вооружена конфронтација меѓу Русија и НАТО.

– Се плашам дека војната во Украина ќе излезе од контрола. Се плашам од конфликт меѓу Русија и НАТО, но сигурен сум дека ќе го избегнеме, изјави вчера Столтенберг за норвешката мрежа PRC.

Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, рече дека сегашното време е „фатално за Европа и Норвешка“.

– Ако нешто тргне наопаку, тоа може да има страшни последици, рече генералниот секретар и додаде дека НАТО работи секој ден за да спречи понатамошна ескалација.

Столтенберг додаде дека постои можност за општа војна и дека е важно да се избегне конфликт во кој ќе бидат вклучени неколку европски земји и кој би станал општа војна во Европа.

Тој истакна дека сега е важна воената поддршка за Украина.