Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели ја демонстрираше својата поддршка кон Кристијано Роналдо по црвениот картон на Португалецот во дуелот со Валенсија во Лигата на шампионите.
„Еден за сите, сите за еден“, напиша шефот на „бјанконерите“ на Twitter.
Протерувањето на петкратниот победник на „Златната топка“ предизвика бура од емоции низ фудбалскиот свет. Роналдо доби директен црвен картон поради удар без топка против дефанзивецот на Валенсија, Муриљо во 29-та минута од деби натпреварот во Лигата на шампионите со тимот на Јуве.
Кристијано се очекува да биде казнет со еден меч и да го пропушти дуелот со Јанг Бојс. Сепак, официјалната одлука на УЕФА ќе стане јасна на 27 септември.
Сè уште постои можност Португалецот да добие казна за повеќе од еден натпревар, што ќе го лиши од можноста да се врати на „Олд Трафорд“ за натпреварот со неговиот поранешен тим на Манчестер Јунајтед.