Камерунскиот претседател Пол Бија, кој има 92 години и е на власт речиси 43 години, синоќа на платформата X објави дека ќе се кандидира за осмиот седумгодишен мандат на претседателските избори закажани за октомври.

„Јас сум кандидат на претседателските избори на 12 октомври 2025 година. Бидете сигурни дека мојата решеност да ви служам е соодветна на сериозноста на предизвиците со кои се соочуваме“, напиша шефот на државата.

Бија, на власт од 1982 година, е вториот претседател на Камерун од независноста од Франција во 1960 година.

Тој лесно победи во 2018 година со повеќе од 70 проценти од освоените гласови на избори обележани со нерегуларности и ниска излезност поради континуирано насилство.