Претседателот на независниот синдикат на МВР, Гоце Делчев во Фејсбук статус гласно проговори за приликите во Министерството за внатрешни работи и работата како полицаец.

Превземено збор по збор од илјадници млади полицајци.
Еве ме и мене да кажам збор макар два што од секогаш сум сакал да ги кажам но немав прилика. Роден сум во Скопје, Битола , Тетово, Дебар, Куманово, Прилеп, Лозово, Велес, Чашка, ……во Македонија. Израснат во спокој, радост и среќа. Исполнет со убави моменти, спомени кои ќе ги носам со мене довека.

немаше “следачи” но имаше другарчиња,
немаше “сториња” но имаше приказни, немаше “интернет” но имаше забава, немаше “тужби” но имаше “ферки”,
немаше “шпиуни” но имаше “издаица крстаица”,
а тие што заслужуваа, за нив имаше “кој лаже тој краде има вошки и спие на таван”,
имаше премногу работи кои денес се само сеќавање на едно безгрижно детство кое секој би сакал да го повтори. Дојдоа моменти каде се воодушевуваш на одредени луѓе и потајно во себе си викаш:
– “Кога ќе пораснам сакам да бидам како него”.

Сѐ беше во ред. Во ред беше и да се воодушевувам на одредени личности. Проблемот беше што јас се воодушевував на полицијата. Рекламите кои често кружеа на телевизија “Македонија те вика. Биди ТИГАР” и “Подобро еден ден лав отколку цел живот овца”, направија желбата за “специјалец” да пламне повеќе од било кога. Па на само полнолетство станав кандидат за полицаец. Со дадена заклетва, горд на униформата и ветување дека цел живот ќе служам на “мојата” Македонија во борба против криминалот заедно со “привезокот” на кукот кој лажно те охрабрува, панцирот и автоматското оружје, јуриш. Типичен млад полицаец со визија дека ќе го реши криминалот во земјата. Но ова не важи само за мене, важи за сите 660 мои колеги кои заедно макотрпно успеавме да го завршиме курсот.

И, што дека станав тоа што станав?!
Се срамам да кажам што работам поради тоа што МВР уште животни нема примено ко полицајци. Младите си одат далеку од Македонија за да живеат мирен, спокоен и праведен живот со добро здравство и саглам безбедносни сили, а меѓувремено ваму кај нас се прима се живо и диво поради тоа што фалат робови кои ќе служат на началниците. Терен, кубур на кук, чекор по чекор, прав грб, испеглана униформа и секако, дофрлувања од страна “тину нину” и “имитација на хорни (оној звук кој воопшто не е пријатен за ушното тапанче)” од личности кои мислат дека е тоа интересно. Се ова е навидум интересно меѓутоа ти како читател да си на тоа место во тој момент ќе се почувствуваш како некој да ти врши нужда на униформата која ја носиш. Небитно “живот иде даље”. Тераш така и поминуваат секунди, минути, часови, денови, месеци, години, a на прагот омаловажувања, приведувања, нервози, нереди, физички напади, каменувања, обиди да те прегазат со возило. Е, тогаш сфаќаш дека народот е гневен на полицијата што всушност е извршител на задачи зададени од страна на старешините (кои седат по канцеларии и наредуваат, а кога ќе “згусне” ситуацијата магично ги снемува како Давид Коперфилд). Ни криви ни должни, пцуени, малтретирани, некои дури и претепани со тешки телесни повреди па и прегазени со возило. Не е битно сето тоа, ти си џандар, ти си машинерија створена за да трпи сѐ, ти си тој што утре пак ке кажат дека си свиња и дека седиш по кафани затоа што не ти се јаде ко куче на улица и на нога, ти си појак од сите, тебе ништо не ти е, тебе мајка не те родила, тебе мајка не те плаче, тебе никој не те сака, ти од небо си паднат и можат сѐ да ти прават (бар така сме третирани во Македонија). Жално но вистинито, повеќе бев колнет и пцуен отколку фален и наградуван (од старешините) кога фаќавме вистински криминалци. Народот нѐ не сака, желен е да те уништи и омаловажи до степен да се осеќаш подолу од измет на асфалтот, да те спушти под дното.

И така полека но сигурно следи:“Изгоре лончето, претече млекото”. Сфаќаш дека ти работиш за началниците (за ОНИ да бидат пофалени дека ОНИ постигнале успех, а тоа што НИЕ сме биле по 16 часа на работа никој не го гледа), сфаќаш дека твоите крвно заработени часови некако исчезнале (сигурно ги снемало заедно со старешините магично како Давид Коперфилд или Худини), сфаќаш дека семејството не си го видел, сфаќаш дека имаш жена и деца кои не те виделе ама работата е побитна, сфаќаш дека на полноќ е всушност нормално време да некој те бара на телефон да одиш на работа, сфаќаш дека поминале пет, десет години, а ти не ги осеќаш поради тоа што си секој ден на работа и така веќе побелен во косата со подочњаци и брчки се освестуваш. Сфаќаш дека конзервативноста на твоите и тие околу тебе не смее да се одразува на тебе “бар имаш плата”, “бар државна работа”, “ќути има и полошо некој нема ни ова”. Да, било ова некогаш и негде ама не сега и овде.
Даваш отказ поради корупцијата, даваш отказ поради неправдата, даваш отказ поради тоа што своите си ги штитат а другите ги “горат”, даваш отказ затоа што немаш мир, одмор и слобода, даваш отказ затоа што 25.000 денари и преку 150 редовни и 50 вонредни часови месечно без тронка сон не е доволно за сето тоа, даваш отказ затоа што тешко се стига од први до први, даваш отказ затоа што едноставно сфаќаш дека ако не ти е тато владика ти цели 30 години ќе бидеш тоа ж.
Бенефициран стаж. Уау.
Државна работа си е државна работа. Шием ти га Џуро.
Никогаш ама НИКОГАШ не посакувам ни на најголемиот душман да стане дел од МВР затоа што ќе си ја запечати судбината, а потоа и ќе се уништи и веројатноста да стане должник, наркоман, коцкар или алкохоличар е многу голема.
Од се срце Ви посакувам на сите што ќе го прочитате ова, подалеку од оваа институција.
Морам да напоменам, да е жив и здрав колегата во пензија од источниот дел на Македонија што несакајќи го стопрев чисто ради контрола и ми ги отвори очите:
– “Дете во пензија сум 10 години, тргни се од полиција затоа што сиве овие 30 години залудно ги потрошив, а како награда за добар полицаец добив преместувања, деградирања, дисциплински и закани. Добив излив, стент и шеќер те замолувам чувај се и ти посакувам господ да те чува”,
И да можеби после текстов ке добијам и јас милион закани за тоа што кажав нешто што се крие вешто поради стравот кој им е всаден на сите полицајци.
Се крие фактот дека корупцијата е на ниво каде што нема назад.
Се крие фактот што одредени добиваат саати (вонредни, редовни, празнични, викенди и сѐ живо и диво, а не се појавуваат на работа).
Се крие фактот што во МВР има повеќе криминал од цела Македонија заедно.
За крај
Срдечен последен поздрав.
На лево круг, и довидување Македонијо.
Ова е сечесто како порака од стотици млади полицајци кои на кои само они си знаст на кој начин и со какви препораки им се читани приказни во ЦО Идризово и од кои 99 % излегуваат ЕДИНСТВЕНИ и членови само на МПС , за после 10 генерации МПС остане пак единствен РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН а полицајци СЕ ПОМАЛКУ во МВР.