На денешен ден, 7 август 1987 година, почина македонскиот народен херој, генерал Михајло Апостолски.

Тој беше командант на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, член на Президиумот на АСНОМ и народен херој.

Апостолски е еден од најзаслужните за ослободување на Македонија во Втората светска војна.

Денес Воената академија на македонската армија го носи неговото име, а бележиме едно негово сеќавање од НОБ од крајот на војната:

„Кога дојдовме до Пчиња, нè пресретна еден бугарски полковник. Се претстави дека е командант на Петтата дивизија. Го прашавме зошто седат тука, а тој ни одговори дека не можат да ја поминат реката, па чекаат да им донесат материјал за да направат мост, а Пчиња тогаш беше длабока само до колена“, раскажува Апостолски.

Тогаш, продолжува во своите сеќавања генерал Апостолски, енергично му реков да ја врати дивизијата, зошто нам не ни е потребна.

„Му реков и тоа дека Скопје е веќе ослободено, иако знаев дека таму уште се водат борби. Бев многу лут поради нивните саботажи. Патем слушав како Радио Софија јавува дека нивните војски го ослободиле Велес, а тие не ни видоа како изгледаше Велес кога се водеа борби за негово ослободување. Потоа, дека го ослободиле и Штип, што беше невистина зашто бугарската војска беше 30 километри далеку од Штип кога се водеа борби за негово ослободување. На полковникот му го истурив сиот гнев што го имав собрано слушајки ги вестите на Радио Софија и го вратив назад”, раскажува Апостолски.

Уште еден детал од запишаните сеќавања на генералот и академик Апостолски:

„… Таму најдовме дел од бугарската комора од која зедовме еден товарен камион и со него тргнавме кон Скопје. Сакавме што побргу да стигнеме за да спречиме евентуални недоразбирања со бугарските војски. Кога стигнавме на Црн Врв (на стариот пат), сретнавме единици од Петтата бугарска дивизија. На нашето прашање – каде одат, ни рекоа – за Скопје. Ги запрев и наредив веднаш да се вратат назад. Им реков дека не ни се потребни. Имав информации дека таа дивизија никогаш и никаде не водела борби со Германците. За тоа постојат радиограми, а јас во моите книги го имам напишано сето ова. Си спомнувам кога требаше заедно за напаѓаме кај Теранци, нивната армија ги биеше нашите единици, а не германските. Затоа, многу не размислував и наредив да се вратат назад“, пишува тој.

И за преминот преку Пчиња со вода до колена:

„Кога дојдовме до Пчиња, нѐ пресретна еден бугарски полковник. Се претстави дека е командант на Петтата дивизија. Го прашавме зошто седат тука, а тој ни одговори дека не можат да ја поминат реката, па чекаат да им донесат материјал за да направат мост, а Пчиња тогаш беше длабока само до колена. Тогаш енергично им реков да ја врати Дивизијата, зошто нам не ни е потребна. Му реков и тоа дека Скопје е веќе ослободено, иако знаев дека таму уште се водат борби. Бев многу лут поради нивните саботажи. Патем слушав како Радио Софија јавува дека нивните војски го ослободиле Велес, а тие не ни видоа како изгледаше Велес кога се водеа борби за негово ослободување“, пишува Апостолски.

И продолжува записот на генералот:

„Потоа дека го ослободиле и Штип, што беше невистина зашто бугарската војска беше 30 киломтери далеку од Штип кога се водеа борби за негово ослободување. На полковникот му го истурив сиот гнев што го имав собрано слушајќи ги вестите на Радио Софија и го вратив назад. …“ ((Михаило Апостолски – “Сеќавања”).

Генерал Апостолски е роден на 8 ноември 1906 година во Штип, а почина на 7 август во Дојран. Тој беше академик на МАНУ и еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија.

(Подготви: Д.Г.)