Претседалот на Управен не престанува да ја шокира јавноста. Бурим Сејдини не суди само во судница, туку и на фудбалските терени. Документот до кој дојде Алфа покажува дека тој е делагат на ФФМ во УЕФА. Според информациите што ги објави Алфа, на оваа позиција дошол благодарени на родинските врски со претседателот на Фудбалската федерација, Муамед Сејдини. Братучедот добил место на листата делагити кои го оценуваат фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација.
Алфа се обратила до портпаролот на ФФМ со прашање на кои натпревари судијата отпатувал во странство и за кој хонорар, но оттаму молк.
Во меѓувреме Сејдини заработи кривична пријава за случајот со местење предмети. Тој пак тврди дека не направил ништо надвор од законот.
„Многу интересно се лиферуваат информации дека се поднесени анонимни кривични пријави од вработените во судот. Анонимноста на пријавите е во корелација со вработените и тоа упатува на фактот дека прават лична моја дискредитација, но го рушат и интегритетот на судот“, изјави Бурим Сејдини, претседател на Управен суд
Антикорупциска веќе има оформено предмет за претседателот на Управен, а од финансиска полиција за Алфа велат дека не можат да дадат конкретен одговор за евентуална истрага.
Пред една седмица Судскиот совет ја одложи седницата за септември на која треба да се формира комисија за наводното рачно местење на предмети во Управен. Неофицијално целта е да се спаси од разрешување и одговорност Сејдини.