Според информациите на „Спорт1“, Благоја Милевски веќе не е селектор на македонската фудбалска репрезентација, наскоро се очекува оваа одлука и официјално да биде потврдена.

„Спорт1“ од извори блиски до Федерацијата, дознава дека Благоја Милевски е минато, раководството на ФФМ одлучило да му врачи отказ. Одлуката доаѓа по речиси еден месец од највисокиот пораз во историјата на нашата фудбалска репрезентација, 7-0 од Англија на Олд Трафорд.

„Членови на раководството на ФФМ на Милевски му ја соопштиле одлуката дека повеќе не е кормилар на националниот тим, но потврда за смената се очекува да има до крајот на оваа недела, за кога е закажан состанок на Управниот одбор на куќата на фудбалот“, се вели во веста на Спорт1.

Најдобриот резултат на Македонија под водство на Милевски беше победата над Италија во Палермо, потоа следуваа низа лоши и неубедливи игри кои кулминираа со поразот на Олд Трафорд.