Уште една трагична вест од македонскиот ракомет: Синоќа почина 19-годишниот ракометар Андреј Петрески, кој беше член на клубот Аеродром.

Популарниот Штурче починал во неговиот дом. Тој играше на позицијата лево крило и целата своја досегашна кариера ја мина во Аеродром.

Петрески се најде на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на СП. Последниот поздрав со Андреј е закажан за денеска од 12.30 часот во капелата на гробиштата во Бутел, а погребот ќе биде на гробиштата во Камник.

Дел од останатите ракометни клубови во земјава преку објави на социјалните мрежи се простуваат од младиот ракометар.