Сали Мурати, претседател на Уставен суд:
„Предметот веќе беше доставен за одлучување, чекав некое време но не можев да го чувам бесконечно долго, морав да го ставам на дневен ред. Јас сум единствениот судија што беше против укинувањето и ќе напишам издвоено мислење. Триесет и неколку закони во Собранието се донесени на овој начин.“
Ова е изјавата на претседателот на Уставниот суд Мурати во прилог на ТВ Телма во врска со укинатиот од судот Закон за заштита од дискриминација.
Законот беше укинат затоа што по првичното враќање на Законот од претседателот на државата, по втор пат бил изгласан во Собранието но со помалку од 61 глас. Пендаровски го потпишал Указот, но, еве, по речиси една година Судот го укина Законот. Во врска со ова, Мурати истакнува дека повеќе од 30 закони се донесени на овој начин, што значи дека тие функционираат во државата, Но ако се донесени на ист начин како и укинатиот, тогаш тие се неуставни, што само по себе е скандал.
Инаку, Пендаровски се правдаше дека морал д аго потпише улинатиот Закон зашто така наложожувал УСтавот, кога еден закон е изгласан од СОбранието по втор пат. Во овој случај, уште еднаш се открива правната неписемнсот на Пендаровски, бидејќи Уставот во член 75 вели:
„…Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот.
Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.“
Како што можете да забележите, должноста на претседателот да го потпише указот, устав от ја врзува за мнозиснтво од вкупниот број пратеници, односно за 61 глас. Знали тогаш е должен да го потпише. Но, не должен ако тој закон откако еднаш бил вратен од претседателот, повторно бил изгласан од Собранието, но со помалку од 61 глас.
Вњеројатно тоа била и аргументацијата на Мурати да не гласа за укинување на Законот, бидејќи фактот што при второто гласање законот не добил 61 глас, не го прави неуставен.
Патем, во еден од случаите за време на мандатот на Иванов, видовме и дека претседателот може да не го потпише указот за прогчасување на законот иако бил по втор пат изгласан со 61 глас, доколку не се исправени забелешките што биле решавачки тој еднаш да биде вратен назад во Собранието.
Но, независно од сето ова, Законот за заштита од дискриминација е укинат од Уставниот суд, а тоа наложува да бидат укинати и другите 30 и нешто закони за кои зборува Мурати, а кои се донесени на ист начин како укинатиот.