На само шест месеци пред редовни претседателски избори во Република Македонија се интензивираше внатрепартиската трката во СДСМ за прв човек на државата.
Во моментов, како што пишува во анализата порталот Курир, од она што се зборува во јавноста и и со оглед на себепромоцијата, владејачката партија има двајца најсериозни кандидати за функцијата претседател на државата.
Оливер Спасовски министер за внатрешни работи и актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Двајцата во изминатиот период ја интензивираат внатрепартиската битка со оглед на настаните кои ги имаат, па така секојдневно можеме да ги видиме на разни места, од настани за културата, средба со високи претставници на други држави, бизнисмени, па се до посета на теретани и спортски натпревари, а сето тоа е пропатено од нивните ПР служби.
Спасовски секојдневно на социјалните мрежи објавува постови од различни настани, од изградба на полициски станици, посета на спортски натпревари на репрезентацијата, па се до присуство на настан организиран од фирмата на Кочо Анѓушев „Феро Инвест“.
Претседателот вчера бил и во теретана во скопската населба Скопје Север, од каде се уште не објавил фотографии, но тоа го сторија неговите домаќини.
Ова се само дел од себепромоциите на двајцата најсериозни кандидати за претседател на државата од СДСМ, што ќе се случи во иднина останува да видиме.
Но според извори во СДСМ, завршен збор не кажала и Радмила Шекеринска која можеби сака да ги следи и стапките на својот ментор, Бранко Црвенковски.
Целата анализа може да ја прочитате ТУКА.