Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата и на средби со граѓани и митинзи ќе ги претстават своите изборни програми.
На 15-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во Валандово и Гевгелија, а нејзиниот ривал од СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе биде на митинг во Куманово.
Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.
Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места.
Пендаровски ја почна кампањата од Прилеп, Силјановска-Давкова од Охрид, а Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА првиот митинг го одржа во Скопје