Полскиот министер за здравство, Лукач Шумовски, денеска изјави дека одржување на безбедни, традиционално организирани избори во Полска е можно најрано за две години.
Полскиот министер процени дека одржувањето избори по пошта во моментов е единствена безбедна опција.
Претседателските избори во Полска се закажани за мај годинава, а владејачката партија Закон и правда се залага за гласање по пошта.