Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.193.580 лица. Од нив починати се 147.379, а оздравеле 555.581 лице.

-Бројот на заразени со коронавирусот во земјите од регионот сè уште се зголемува и го надмина бројот на 6.100.

-Во Црна Гора, бројот на заразени лица достигна 303, а досега шест умреа.

-Во БиХ се зголемува бројот на пациенти и според најновите податоци во таа земја , во ентитетите Република Српска и Федерацијата на БиХ се заразени 1.186 лица.

-Според податоците од вчера, Во Хрватска вкупно се заразени 1.791 лица и 529 лица се излекувани.Досега 35 лица умреа, а 31 од нив починаа на респиратор. Досега се извршени вкупно 20.158 тестови.

-Словенија досега потврди 1.268 случаи на инфекција, а според најновите достапни информации, бројот на загинати од вирусот Ковид-19 се зголеми на 61. Тестирани се вкупно 38.137 лица.

– Правилата за ограничување на слободата на движење според возрасни групи и повторното отворање на модната и автомобилската индустрија се меѓу поглавјата од планот на  италијанската Влада што се разгледува за следната фаза на епидемијата на вирусот Ковид-19 во земјата.

Утре и задутре се очекуват состаноците  за новите правила за почеток на производствените активности од 4 мај, но и за слободно движење на граѓаните. Се очекува за неколку дена некои компании од модната и автомобилската индустрија, како и дел од градежните компании со низок ризик, да добијат „зелено светло“ за рестарт на производството .

-Данските фризери, стоматолози, физиотерапевти и училишни возови во понеделник ги отвораат своите врати по едномесечниот карантин во земјата поради епидемијата на коронавирус, објави данската Влада.

На почетокот од оваа недела се дозволи отворањето на детските градинки и враќањето на учениците во училиштата од 5 одделение по четиринеделниот карантин. Судовите ќе продолжат со работа на 27 април. Средните училишта, колеџите и рестораните остануваат затворени, соопшти владата.Данска до петокот имаше регистрирано 321 смртен случај од Ковид-19.

-Јапонските пошти почнаа со дистрибуирање на еднократни заштитни маски на околу 50 милиони домаќинства, како што најави премиерот Шинзо Абе на почетокот на овој месец. Епидемијата на коронавирусот во оваа земја е во нагорна линија.

-Кинеското БДП  во првиот квартал од годината е опаднат за 6,8 проценти во однос на истиот период лани, што е прв пад на втората светска економија од 1992 година, пренессе Би-Би-Си.